На 13 Јануари 2019 година, во манастирот Свети Наум Охридски во Роклин, по повод Новогодишните и Божикните празнувања се одржа редовниот традиционаниот пикник. На самиот ден беше отслужена неделна утрена богослужба и света Божествена Литургија.
Светинаумовата манастирскa црква ја посетија многубројни поклоници кои се помолија на Светиот Наум за секое добро од Господа. Во манастирскиот комплекс, многубројните гости, дојдени од сите страни на Австралија, имаа можност да го вкусат манастирското благословено гравче. Во паркот наменет за рекреација празнувањето продолжи со изведба на традиционална македонска музика, ора и песни. Убава слика беше заедничкото играње на прекрасните македонски ора.
На денот беа собрани 19 000 австралиски долари – донација за манастирот.