Свети Климент Охридски прославен во Порт Кембла - Нов Јужен Велс

1042

На 8 декември 2023 година, кога го празнуваме нашиот патрон Свети Климент Охридски, на покана на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар беше срдечно пречекан многу ценетиот и почитуван Архиепископот за Австралија, Нов Зеланд и Филипините г. Василиј од Антиохиската Патријаршија. Двајцата владици богослужеа Света и Божествена Литургија во храмот во Порт Кембла посветен на Светиот Климент Охридски. На Литургијата нашиот Митрополит му подари икона на владиката – гостин, и взаемно се поздравија со пригодни слова.

По литургијата двајцата владици присуствуваа на трпеза на љубовта во храмот во Порт Кембла приготвена од црковната општина и парохјаните, а потоа и заедно го посетија манастирот „Света Петка“ во Кембла Гренџ.

Previous articleВечерна богослужба во храмот „Свети Никола“ - Бенгстаун во Сиднеј - Антиохиска Патријаршија
Next articleПреподобен Алимпиј Столпник прославен во манастирот „Свети Сава“ во Илајн - државата Викторија