На 28 април, 2022 година, вечерта спроти Светол Петок, кога Црквата ги слави чудесата на Пресвета Богородица – Животодавен Извор, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Викторија, беше отслужена Вечерна богослужба во сослужение на свештенството на Австралиско-новозеландската Епархија.
На богослужбата беше извршен чинот на осветување и благословување Петолебие. По богослужбата и Литијата, кај изворот на минерална вода во манастирот, посветен на Пресвета Богородица – Животодавен Извор, беше испеан Молебен канон кон Пресвета Богородица и извршен Водосвет.
Утредента, на 24 април, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
Христос Воскресна! Навистина Воскресна!