Светол Петок и Празникот Пресвета Богородица - Живоносен Извор во манастирот Донибрук

2234

На 20 април, 2023 година, вечерта спроти Светол Петок, кога Црквата ги слави чудесата на Пресвета Богородица – Животодавен Извор, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Викторија, беше отслужена Вечерна богослужба во сослужение на свештенството на Австралиско-новозеландската Епархија.

На богослужбата беше извршен чинот на осветување и благословување Петолебие. По богослужбата и Литијата, кај изворот на минерална вода во манастирот, посветен на Пресвета Богородица – Животодавен Извор, беше испеан Воскресниот канон иканонот кон Пресвета Богородица – Живоносен извор и извршен Водосвет.

По поросувањето со осветената вода и принесените прозби кон Божјата Мајка за исцеление и здравје на душите и телата, беше послужена вечера за свештенството и верниот народ.

Утредента, на 21 април, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија, на која верните се заблагодарија на Бога и се причестија со Светите Христови тајни.

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

Previous articleОд богослужбите на Страдалната седмица и Воскресението Христово - Велигден во манастирот Донибрук
Next articleБдение за празникот на Сите Светии и Свети Лука Кримски Чудотворец во манастирот на Свети Прохор Пчински во Донибрук