Став на Митрополитот г. Петар по повод реакцијата на Екс-директорот на Токсикологија за причестувањето со една лажичка

2058

Неговото високопреосвештенство Митрополитот г. Петар со став на новинарско прашање, по повод изјавата на екс-директорот на Токсикологија Нино Беќировски кој реагираше за причествувањата на македонските верници за Божик:

„Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте. Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите. П.С. Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин“

Митрополитот г. Петар, изјави:

„Тоа се глупости на луѓето што не знаат ништо за верата. Кога велат дека треба да се причествуваат луѓето со повеќе лажички, тоа се свети тајни, тоа е Христос, неговото тело и крвта, Христос е лекарот над сите лекари, тој не заразува, тој лекува. И тука немало досега ниту еден случај некој да се разболел или да умрел од причеста. А умреле луѓе што не се причестиле и што не се излекувале. Тоа се само приказни на неверниците, на атеистите, без оглед дали се луѓе само од црквата. Овие реакции се неоправдани затоа што ние повикавме како црква и се придржуваме на тоа во најголема мера, но вие знаете дека не можете до крај луѓето да ги натерате да бидат исполнителни, па дури и во семејството. Во најтесното семејство не можете конечен ред да ставите, а камоли во поширокото семејство, во заедницата“.

„Факт е дека никој не се заразил затоа што досега сите свештеници, по завршувањето на литургијата, ја примаат причесната од тоа лажиче со кое ги причестиле сите. Ако некој треба да се зарази, тоа се свештениците, но никој не се заразил, ниту умрел. Но, од нивни комуникации во семејствата и на други места, отворени или затворени, се заразиле свештеници, па и владици. Во светот имаме владици што умреа, на пример, во Србија умреа четворица владици со поглаварот, и во Руската црква се умрени десетина владици, и во Грчката има што умреа. Не се тие починати од причесната, туку од зараза надвор од причесната“, додава владиката Петар.

Тој апелира да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, и смета дека се многу попочитувани мерките во Црквата отколку во општеството.

„Јас мислам дека се многу попочитувани во црквата отколку во општеството, од најповиканите. Тоа е факт. Ние видовме на телевизија министри и врвни луѓе пратеници, претседател во Собранието, без маски, седат јадат итн. и никому ништо за нив, ги казнија само по 20 евра“, изјави за А1он, Владиката Петар.

Извор: А1on.com

Previous article8-ми Ден бр. 79
Next articleАпликација „Библија за деца“ на македонски јазик