На 21.03.2025 во петокот од Втората седмица на Великиот Пост, во соборната црква „Рождество на Пресвета Богородица” во Сиденхам, се отслужи Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица.
После Акатистот се изврши и чинот на благословување и осветување на принесените петолебија.
Наредниот ден на 22.03.2025 се отслужи Заупокоена Света Литургија за покој на душите на починатите во пожарот во Кочани, а исто така се отслужи и молебен за здравје на сите кои се лекуваат во болниците и на сите преживеани во тој стравотен пожар.





