На 21.03.2025 во петокот од Втората седмица на Великиот Пост, во црквата „Света Петка” во Мил Парк, се отслужи Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица.
После Акатистот се изврши и чинот на благословување и осветување на принесените петолебија.
На 23.03.2025 на Третата недела од Постот – Крстопоклона се богослужеше света Василиева литургија.





