Успешно заврши школата по Веронаука за учебната 2017/2018 во училиштето Филип Втори во Сиднеј

1653

Во основното училиште во Пинкрист, Сиднеј, во рамки на македонското училиште за македонски јазик, Филип Втори, успешно заврши школата по Веронаука, организирана од парохискиот свештеник при црквата Света Богородица- Пречиста во Ливерпул, протоерејот Димче Воиновски.

Во текот на наставата децата се запознаваа со убавината на Православна вера и со учењето на Црквата во која се остварува спасението на луѓето. Истовремено, на предавањата по веронаука, учениците имаа можност да го усовршуваат македонскиот литературен јазик и да го зачувуваат националното битие и култура во мулти-културното австралиско општество.

На завршниот ден, на учениците кои учествуваа на часовите им беше доделено Признание за посетувањето на наставата и новогодишен и божиќен подарок.

 

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Димитриј Солунски во Спрингвајл (31 Недела по Педесетница)
Next articleПрославен споменот на преподобниот Наум Охридски во неговиот манастир во Роклин