На 30 март 2025 година, во Четвртата Недела од Великиот Пост (Недела на Преподобен Јован Лествичник), кога се празнува споменот на Преподобен Јован Лествичник, Преподобен Алексеј – човек Божји, Маченик Марин и Свети Патрик Ирски, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
По Светата Божествена Литургија, се одржа Неделното училиште за децата.







