На 29 септември, 2024 година, во четиринаесеттата недела по Педесетница, кога се празнува споменот на света великомаченичка Ефимија и преподобен Доротеј Египтески, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија. Богослужеше: протоереј – ставрофор Љупчо Каревски.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
По богослужбата и Светата Божествена Литургија, се одржа Неделното училиште за дечињата.