На 8 октомври, 2017 година, во 18 – тата Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на преподобната Ефросинија и на преподобниот Сергеј Радонешки, во црквата Света Никола во Перт, се богослужеше Неделна утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови тајни.
На истиот ден во Македонскиот културен Центар, по повод денот на востанието на 11 Октомври, се изврши панихида за упокоените и се положија венци пред спомен бистата на Никола Карев од повеќе Македонски организации во Перт.