На 8 октомври, 2017 година, во 18 – тата Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на преподобната Ефросинија и на преподобниот Сергеј Радонешки, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Викторија, се богослужеше Неделна утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови тајни.