На 15 октомври, 2017 година, во 19–тата Недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светиот свештеномаченик Кипријан, светата маченичка Јустина и на преподобниот Андреј Јуродив, во црквата Свети Никола во Престон, Мелбурн, се богослужеше неделна утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
На духовната трпеза нема омраза против Бога – таму има синовство кон небото и братство кон луѓето; таму има просветување и радост, прошка и жртва, љубов и совршенство.
Св. Ефрем Сирин