Во 5 – та Недела на Велигденскиот пост, посветена на преподобната Марија Египетска, во женскиот манастир Свети Прохор Пчински во Донибрук, се богослужеше Неделна утрена богослужба и Света Василиева Литургија.
На богослужбата присутните ја прославија преподобната мајка Марија Египетска – агницата Христова, која е образец на покајание, и му се помолија на Христа Бога, како милостив и човекољубец да ги помилува и спаси нивните души.