Водата што дојде да ја нацрпиш е распадлива, о, жено. Но ти ќе налееш жива вода, со која ќе ги измиеш душевните нечистотии. (Стихови од Синаксарот)
На 14 мај 2017 г., во 5- тата Недела по Пасха, посветена на Самарјанката – светата Фотина, кога се празнува и споменот на светиот пророк Еремиј и преподобниот маченик Акакиј, во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул, Сиднеј, се богослужеше Утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.