Самарјанката, која со вера дојде на кладенецот, Те виде Тебе – Водата на премудроста и, откако се напи од неа изобилно, го наследи вечното Царство небесно, и затоа нејзиниот спомен трајно се слави. (Кондак на Празникот, глас 8)
На 14 мај 2017 г., во 5 – тата Недела по Пасха, посветена на Самарјанката – светата Фотина, кога се празнува и споменот на Светиот пророк Еремиј и преподобниот маченик Акакиј, во црквата Свети Илија во Футскрај се богослужеше Утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.