О, севоспеана Мајко, Родителке на Словото, посвето од сите Светии! Примајќи го приносот сегашен од секоја напаст избави нѐ, и од секоја идна мака сочувај нѐ, нас што Ти воспеваме: Алилуја! (Кондак од Акатистот).
На 24 Март, во Петокот од Четвртата седмица на Велигденскиот пост, во црквата „Света Богородица – Пречиста“ во Ливерпул, Сиднеј, се отслужи Мало повечерие со Акатист на Пресветата Владичица Богородица, а веднаш по Акатистот се изврши и чинот на благословување и осветување на петолебие.