Светата дева ја гледаме како запалена свеќа, која им се јави на оние што се во темнина. Зашто палејќи го духовниот оган, таа ги води сите кон богопознние, и умот го просветлува со божествени зраци. Затоа и пееме: Радувај се Невесто неневесна! (Икос 11 од Акатистот)
На 31 Март, во Петокот од Петтата седмица на Велигденскиот пост, во црквата „Свети Илија“ во Футскрај, Мелбурн, се отслужи Мало повечерие на кое се изврши Акатистната служба на Пресвета Богородица. После Акатистот се изврши и чинот на благословување и осветување на петолебие.