На 31 Март, во Петокот од Петтата седмица од Велигденскиот пост, во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул, Сиднеј, се отслужи Малоповечерие со Акатистната служба на Пресвета Богородица. После акатистот се изврши и чинот на благословување и осветување на петолебие.