Денес е почетокот на нашето спасение, и откривање на вековната тајна: Синот Божји син на Дева станува, а Гавриил благодат благовестува. Затоа и ние со него да ѝ запееме на Богородица: Радувај се, Благодатна, Господ е со тебе. (Тропар на празникот, глас 4)
На 07 Април, на празникот Благовештение, во женскиот манастир Свети Прохор Пчински во Донибрук, се богослужеше Света Божествена Литургија.
На литургијата, верниците се заблагодарија на Бога и се причестија со Христовите тајни.