Блажен е оној човек кој ја спознал својата немоќ

1636

IsaakSyros07Блажен е оној човек кој ја спознал својата немоќ, затоа што тоа сознание за него претставува темел и почеток на секоја добрина.

Меѓутоа, никој не може да ја почувствува својата слабост доколку не биде изложен макар на мало искушение што гo исцрпува телото или душата. Тогаш ќе ја спореди својата немоќ со Божјата помош, и истиот час ќе стане свесен за нејзината величина.

Оној кој спознал дека му е потребна Божјата помош, тој ќе твори мноштво молитви, и по мерката на нивното умножување, ќе се смирува неговото срце.

Свети Исак Сириец

Previous articleБог е нематеријален и во дух и вистина се почитува - Свети Тихон Задонски
Next articleНедела 6 - та по Воскресение - на Слепиот - во манастирот Донибрук