Божик во црквата „Свети Никола“ - Престон, Мелбурн

1668

Македонската Православна Црква Св.Никола-Престон, Мелбурн, Австралија, од нејзино основање до денес, како духовна мајка ги собира верните чеда, кои и оваа година со подготовка, Божикен пост, покајание и исповед го пречекаа Раѓањето Христово.

На Бадник беше одслужена света богослужба и од МПЦО „Свети Никола“ на децата им беа поделени коледарски подароци (пакетчиња).

Следниот ден, во храмот, верниците фамилијарно присуствуваа на празничната Божикна Света Литургија, на која се причестија со Св.Тајни, го слушнаа божикното слово на Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозелански г-дин Петар, кој ги поздрави со христијанскиот поздрав Христос се роди! На кој поздрав отпоздравија со: Навистина се Роди!  

00 01 02 03 04 05 06_1_2 07_1_1 08_2_1 09_1_1 10 11 12 13 14_1_1 15_1_1 16 17 18 19 20 21

Previous article„Денес ви се роди, во градот Давидов Спасител…“ (Лк. 2, 10) - Божикна посланица 2017
Next articleТрадиционален пикник во манастирот „Свети Наум Охридски“ - Роклин