Човекот без вера е сличен на брод без кормило, и кој морските бранови го носат наваму-натаму.
Апостолот Петар додека гледаше во Исус Христос, со цврсти стапки одеше по морската бездна, но штом почна да мисли за бурниот ветар и високо подигнатите бранови, и да се колеба со својата вера во Богочовекот, започна да потонува.
Котвата е нужна за бродот во време на бура. Верата е нужна за човекот во време на бедите и несреќите.
Котвата е надеж на бродот во морето. Верата е котва на човекот на земјата.
О, какво големо богатство е верата!
Таа нѐ спасува и тогаш кога ќе паднеме во безизлезна состојба, кога сме во очајни околности, па дури и кога нѐ загрозува смртта.
Свети Јован Златоуст