Австралиско-новозеландската епархија е една од 12-те епархии на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, и една од четирите епархии надвор од Македонија.
Јурисдикцијата на Австралиско-новозеландската епархија ги опфаќа териториите на Австралија и Нов Зеланд.
Надлежен Архиереј, со титула Администратор Австралиски и Новозеландски, е митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.
Седиштето на Епархијата се наоѓа во Мелбурн каде што постои Соборна црква, зграда на Митрополијата и Митрополитска резиденција.
Епархијата е организирана во две архиерејски намесништва:
- Архиерејско Намесништво за Викторија, Јужна и Западна Австралија и Нов Зеланд;
- Архиерејско Намесништво за Нов Јужен Велс и Квинзланд.
Во составот на Епархијата, денес, активни се: 3 манастири, 14 Црковни општини – парохии, 12 цркви и 7 епархиски духовни центри.
Свештенослужителската и пастирската мисија ја извршуват: 14 свештеници, еден игумен, една игуманија и тројца пензионирани свештеници.
Епархијата од 2000 г. редовно го печати Епархиското списание Осми ден.
Духовниот живот напредува и се развива во сите црковни општини во Епархијата. Верниците активно учествуваат во богослужбите и Литургиите, редовно се исповедуваат и причестуваат и живееат со Светите Тајни на Црквата.
Заедничко дело на Австралиско-новозеландската епархија, Преспанско – Пелагониската епархија, на црквата Света Петка од Мил Парк и останатите цркви е капиталното издание: Преводот и препевот на 16 тома богослужбени книги на современ Македонски јазик.