Во организација на Македонската Црковна Општина „Свети Никола“, 69 Angove St. Перт, веќе неколку години, без исклучок, секоја Сабота, со почеток од 5 часот попладне, на Македонското радио Мак-Фм 103,3, се емитува двочасовна програма: Духовна светлина.
Парохискиот свештеник, протоереј Васко Трајчевски, покрај изложувањето и толкувањето на Неделното Евангелие, го предава и црковниот час по веронаука – циклусот толкувања на Господовата молитва „Оче Наш“ и „Десетте Божји заповеди.
На добро прифатената и редовно слушана радио емисија, парохијаните ги добиваат сите информации за активностите во Парохијата и за црковно-литургискиот живот на црквата Свети Никола во Перт.
Слава му на Бога во вечни векови!