Имај желба и Бог ќе ти даде според срцето твое

1365

Оние кои живеат без надзор над самите себе никојпат нема да се удостојат со посетата на благодатта.

Настојувај да внимаваш на себе, а не да ги разгледуваш делата, постапките и однесувањата на другите. Ако во другите не забележуваш љубов, тоа е затоа што ни самиот немаш љубов.

Верата се губи поради сомневањето. Божјиот страв – поради дрскоста, а духовните поуки стануваат недејствувачки поради празната љубопитност.

Како да се загрее изладената душа? Со Словото Божјо, со молитвата, со смирените и благодарни воздишки кон Бога во сите прилики, не само кога се менуваат надворешните околности, туку и нашите внатрешни состојби.

Имај желба, и Семоќниот Бог ќе ти даде според срцето твое, бидејќи почетокот и изворот на добродетелите е добрата волја и расположение, односно желбата за чинење добро во Господа.

Преподобен Пајсиј Величковски

Previous articleСвети Апостол и Евангелист Марко - Света Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај
Next articleПослатка од сѐ