Како да го направите заморното секојдневие, монашка келија - Игумен Трифун

2112

Во последните триесет и пет години, веќе престанав да ги бројам мирјаните кои пројавиле желба за монаштво. Многумина ми рекле, во случај да станеле православни на помлади години, можеби и би се отажале од брак, во замена за монашки живот. Тоа не беа луѓе незадоволни од своите брачни другари, или пак венчани. Тие едноставно се пронајдоа привлечени во ритамот на тишината, литургијата, учењето, молитвата и работата.Lay Monasticism
Навистина, многу побожни Христијани чуствуваат романтична привлечност од начин на живот, кој изгледа толку мирно и безгрижно. Тие копнеат по изолиран (како што тие гледаат), и со тоа, засолнет живот, каде што секојдневните стресови од “светот” се држат понастрана. Тие ја гледаат тишината и мирот што дневно доминираат во монашкиот живот, и чувствуваат одредена доза на завист. Многумина копнеат по неостварлива тишина и духовна длабочина, и мислат дека е невозможно за обичниот мирски човек во секојдневието да се посвети на нерасеана и длабока молитва. Покрај сите обврски, работа, сметки, вечери, деца, едноставно нема место за “внатрешен”живот каков што се гледа во манастирите.
Сепак, ако навистина го проучиме дневното темпо на животот, ќе видиме дека било потрошено повеќе време, време што би можело да се искористи во таа непрестајна потрага по молитва и тишина. За време на дневните обврски, ако ги пресметаме минутите кои сме ги потрошиле пишувајќи по социјалните мрежи, минутите кои сме ги потрошиле додека ги слушаме дневните вести, или во јавен превоз, читајќи весници, ќе видиме свето време, кое било потрошено напразно. Правилно искористено, тоа потрошено време би можело да стане нашето “свето” време.
Во зависност дали се движиме со автомобил, воз, автобус или мотор, нашиот “превозник” ни нуди една таканаречена монашка келија, место отсечено од барањата и бучавата на овој свет. Монахот не наоѓа вакви созерцателни моменти само во осамеништвото, или во службите кои се служат во храмовите, бидејќи монахот се моли дури и кога ги извршува неговите послушанија. Монахот се моли дури и кога го посетуваат поклоници, или додека работи со другите монаси во градината, или столаријата.
Ти можеш да одлучиш да ја направиш својата “околина” свето место, а својот автомобил или воз во манастир. Наместо да слушаме музика, или дневни вести, ние можеме да го искористиме тоа време да ја зајакнеме нашата вера. “Еден ipod, со преземени емисии од едно Ancient Faith Radio, може да биде начин за задлабочување на твоите познавања на мистичната теологија на Црквата, или да те води низ уметноста на молитвата, преку реномирани Православни теолози. Можеш да ги читаш утрените и вечерните молитви, заедно со нашите браќа во манастирот на Светиот Крст, во Западна Вирџинија, кои ги имаат снимено овие служби на CD-а.
Можеш да го слушаш Светото Писмо, со многу преубави преводи сега достапни и на CD, и да ја проучуваш Библијата, додека живееш во секојдневието. Бројот на Православна музика кој е достапен на CD, или кој може да биде преземен на нашиот ipod, пак од истото, Ancient Faith Radio, може да го направи нашето секојдневие еден постојано возвишувачки настан. Свештената музика може да не задлабочат во свет каде што владеат радоста и убавината, а сето брзање, сета бучава и стрес на општеството, исчезнуваат.
Исусовата молитва е совршената молитва за секојдневието, бидејќи му дозволува на поединецот да влезе во еден подлабок вид на молитва, молитва која нè воведува во радост и мир, и го отвора нашето срце, широкоградо за Христос. Јас често ја препорачувам Исусовата Молитва на луѓе кои имаат проблем со бујно поведение, и молитвата го трансформирала нивниот пат, во мирен Христоцентричен живот.
Ќе дојдат денови кога најдобриот пристап, за да ја претвориш твојата во монашка келија, ќе биде да ги исклучиме сите надворешни стимулации, и да влеземе во тишината. Не мора секогаш да имаме надворешни стимули во нашите животи, а тишината е таа која дозволува еден момент, кога можеме да почнеме да го слушаме гласот на Бога. Тоа првично може да биде страшно, бидејќи толку сме навикнати на бучава, музика, разговори, што таквата тишина нè прави нервозни. Сепак, тишината е таа, која може да нè однесе во срцето на Бога, и да нè воведе во Христовиот мир, кој ќе го промени нашето срце, и ќе ни го даде мирот, што ни го ветил.

Игумен Трифун,
Манастир на Семилостивиот Спасител

Превод: Божидар Маслинко

Извор: http://www.pravmir.com/lay-monasticism/

 

Previous articleЗа душевниот мир - свети Серафим Саровски
Next articleСабота од Сирната седмица