Светиот Дух ја излеа својата благодат на сите присутни во Црквата „Света Петка“ – Мил Парк да се радуваат на радостите поврзани со подготовките и празнувањето на Раѓањето Христово – Божик.
Најмладите верници при црквата подготвија Божиќна претстава. Најпрво тие присуствуваа на вечерната богослужба на 5 -ти вечерта, на која добија и пригодни божикни дарови, а потоа пред црквата ја изведоа Божиќната претстава.
На Божик, храмот беше исполнет со верници, од кои поголемиот број се причестија.
Христос се роди – Навистина се роди