Чесниот Христов крст гледајќи го денес изложен, да му се поклониме, и верно да се развеселиме со љубов целивајќи го, доброволно распнатиот на него Господа молејќи Го, да нѐ удостои сите нас, и на чесниот крст да се поклониме, та и воскресението неосудено да го достигнеме. (Егзапостилар на празникот)
На 19 Март, во Третата недела на Великиот пост кога го чествуваме и му се поклонуваме на чесниот и животворен крст Христов, во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул, Сиднеј, се отслужи Утрена и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се поклони на животворниот крст, заблагодари на Бога и се причести со Христовите тајни.