Да воскликнеме, со песни да го возвеличиме крстот чесен, целивајќи го, и кон него да повикаме: Крсту сечесен, освети ги нашите души и тела со силата своја, и од секаква рана на непријателите, неповредени запази ги оние што набожно ти се поклонуваат. (Стихира на празникот, Глас 4.)
На 19 Март, во Третата недела на Великиот пост кога го чествуваме и му се поклонуваме на чесниот и животворен крст Христов, во црквата Свети Илија во Футскрај, се отслужи Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се поклони на животворниот крст, заблагодари на Бога и се причести со Христовите тајни.