Летен камп за Православна веронаука

1758

Во Соборната црква, Раѓање на Пресвета Богородица во Сиденхам – Мелбурн, со благослов на надлежниот Епархиски Архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, веќе тринаесет години се одржува летен камп по православна веронаука. Оваа година вероучението започна на 20-ти Декември 2016 година, а заврши на 18 Февруари 2017 година.

Годинешниот циклус го посетуваа 43 македонски ученици на возраст од 5 до 12 години. Во храмот, каде што се одржуваше наставата, присуствуваа и родителите.

Се обработуваа и изучуваа различни теми од Светото Писмо. Од Стариот Завет: Од Создавањето на светот до паѓањето во првиот грев; од Новиот Завет – од Раѓањето до Вознесението на Синот Божји – Господ Исус Христос, како и теми од практичниот секојдневен црковен и литургиски живот.

Митрополитот г. Петар, на 17 Јануари 2017 година, го посети летниот камп по православна веронаука, при што одржа предавање на тема: „Љубовта на Божјиот Син кон децата“. Предавањето беше слушано со големо внимание како од децата така и од родителите.

Наставата ја изведуваше парохискиот свештеник Мирко Пешовски, оваа година со помош и на добро подготвените учителки: Весна Николоски, Анета Тасевски и Билјана Јовановски.

Децата-ученици беа мошне креативни. Тие, за подобро разбирање и совладување на библиските теми, насликаа цртежи, коишто на крајот беа дел од изложбата во храмот.

На самата завршница од Летниот камп, децата-ученици подготвија завршна програма претставувајќи го своето знаење пред пошироката јавност. Свеченоста ја отворија и ја водеа учениците: Катерина Стојкоска, Наталија Пешовска и Анастасија Апостоловска. На овој интересен настан зедоа учество над дваесет ученици кои го претставија наученото.

На завршниот ден на Кампот, свое обраќање имаше Митрополитот г. Петар. Тој изрече поучно слово за учениците и присутните верници, по што на учениците им ги подели сертификатите и наградите.

IMG_2401_1

По завршувањето на програмата, женската секција при Соборната Црква, заедно со мајките на децата, организираа вечера за околу сто и дваесет присутни: ученици, родители и верници.

Вкусното македонско јадење беше донација на Molika – Catering. За поздрав е и донаторската акција што во таа пригода ја организираа родителите.

Подготвил: Протоереј Мирко Пешовски

01 03 02_1 04 06 05 20170109_193523_resized IMG_2317_1 IMG_2318_1 IMG_2325_1 IMG_2329_1 IMG_2315_1 IMG_2330_1 IMG_2333_1 IMG_2335_1 IMG_2343_1 IMG_2345_1 IMG_2348_1 IMG_2351_1 IMG_2352_1 IMG_2355_1 IMG_2358_1 IMG_2361_1 IMG_2364_1 IMG_2367_1 IMG_2372_1 IMG_2375_1 IMG_2377_1 IMG_2380_1 IMG_2381_1 IMG_2383_1 IMG_2386_1 IMG_2389_1 IMG_2390_1 IMG_2392_1 IMG_2393_1 IMG_2397_1 IMG_2398_1 IMG_2399_1 IMG_2401_1

Previous articleСинаксар во Неделата Месопусна
Next articleПодготовка за Великиот пост - Сирната седмица