Денес гробот го држи Оној што со рацете тварта ја држи; камен го покрива Оној што небесата со добродетел ја покрива; спие животот, а адот трепери и Адам од оковите се ослободува. Слава ѝ на Твојата промисла, Боже, со која откако го исполни сиот вечен покој, ни го дарува Твоето сесвето воскресение од мртвите. (Хвалитна стихира, глас 2)
На 14 Април, во Светата и Велика Сабота, во црквата Свети Илија во Футскрај, се отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово.
По литијата и трикратниот опход околу црквата, верниот народ поклонувајќи се, ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение.
Господи Слава му на Твоето снисходење!