Плодот на молитвата

1409

Во молитвите не барај насладување, тоа е својствено за грешникот. Желбата да се почувствува наслада веќе е гордо самоизмамување.

Барај твоето мртво, скаменето срце да оживее, да се отвори за чувствување на својата гревовност, на својата паднатост, својата ништожност, да ги согледа и самоодрекувачки да постане свесно за нив. Тогаш во тебе ќе се појави плодот на молитвата: покајанието.

Чувствата што раѓаат молитва и покајание, се огледуваат во мирната совест, во душевниот мир, во помирувањето со ближните и со животните прилики, во милостивоста и состраданието кон луѓето, во воздржувањето од страстите, во студеноста кон светот, во послушноста кон Бога, во силата за борба со гревовните помисли и наклонетости.

Овие чувства и надежта во спасението, нека ти бидат доволни.

Свети Игнатиј Брјанчанинов

Previous articleСмирението на нашиот Господ
Next articleМилост - Старец Сампсон Сиверс