Пресвета Богородица - Живоносен извор и Свети Великомаченик Георгиј - Вечерна Богослужба и Молебен канон во манастирот во Донибрук

1968
Вечерта спроти Светол Петок – Балаклија, кога ги славиме чудесата на Пресвета Богородица  – Животодавен извор и споменот на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, во манастирот „Свети прохор Пчински“ во Донибрук беше отслужена Вечерна Богослужба.
По богослужбата, на изворот на минарална вода во манастирот, посветен на Пресвета Богородица – Животодавен Извор, беше испеан Молебен канон на Пресвета Богородица и извршен Водосвет.
По поросувањето со осветената вода и принесените молитви за здравје и спасение кон Божјата Мајка, сестринството на манастирот послужи вечера за свештенството и верниот народ.


 
Владичице Богородице, ти си навистина Изворот на жива вода, бидејќи само со допир до тебе ги лекуваш тешките болести на душите и телата, излевајќи ни Го Христа – водата на спасението. (Егзапостилар на Празникот, глас 3.)

 

Previous articleВоскресение Христово - Манастир Свети Прохор Пчински - Донибрук
Next articleВелигден во Перт