Заради нас доброволно се положи во јасли бесловесни, како дете, долготрпелив Спасителе, пастирите со ангелите Те воспеаја, викајќи: Слава и похвала на Христа нашиот Бог, Кој се роди на земјата и ја обожи природата на земнородните (Седален, глас 1)
Во Црквата Свети Илија во Футскреј, Мелбурн достојно беше прославен Родениот од Дева – Христос.
На 6 Јануари молитвено беше одбележан Бадник и Претпразненството на Рождеството Христово.
На 7 Јануари верниот народ со радост учествуваше на Божикната Литургија и се причести со Христовите Тајни. Присутните празникољупци му се заблагодарија на Бога за милоста излеана врз човечкиот род.
На втор ден Божик и Собор на Пресвета Богородица верниците со рождественски песни го воспеваа Рождеството Христово и ја величаа Чистата Дева и единствената Богородица која го роди Царот Христос.
Христос се роди! Вистина се роди!