Господи, денес ѝ се јави на вселената, и Твојата светлина се покажа врз нас, кои разумно Ти пееме: Ти си дошол и си се јавил, Светлино непристапна (Кондак на празникот, глас 4.)
И ова 2017 Лето Господово, МПЦО „Свети Никола“, со адреса на 69 Angove st., Западен Перт, го прослави големиот празник Богојавление. Се богослужеше Света Божествена Литургија на која верниците се причестија со светите Христови тајни. Следуваше големиот Богојавленски водосвет, по што многубројните празникољупци славејќи го Бога со црковна процесија (литија) стигнаа до брегот на реката Svan, во чии води беше спуштањето и фаќањето на Светиот Крст.
Oваа година најбрзо до Светиот Крст стигна шеснаесет годишниот Јован Маџоски од Перт а по потекло од Струга.
Бог се Јави! Навистина се јави!