На 28 мај 2017 г., во Седмата Недела по Воскресение, кога се празнува споменот на светите 318 богоносни отци учесници на Првиот вселенски собор во Никеја, кога се празнува и споменот на преподобниот Пахомиј Велики и на светиот Ахил Преспански, во црквата Свети Илија во Футскрај, Мелбурн, се богослужеше Неделна утрена богослужба и Света Литургија.
На Литургијата, верните се заблагодарија на Бога и се причестија со Телото и Крвта Христови.