Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сѐ исполнуваш, ризницо на добрини и Животодавче, дојди и всели се во нас, и очисти нѐод секаква нечистотија, и спаси ги, Благи, нашите души (Слава, и сега, глас 6)
На 4 јуни, 2017 година, на празникот Слегување на Светиот Дух – Педесетница, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, се богослужеше Празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата, според правилото се отслужи Вечерна богослужба на која со преклонети колена се прочитаа Духовденските молитви.