На 4 јуни, 2017 година, на празникот Слегување на Светиот Дух – Педесетница, во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул, Сиднеј, се богослужеше Празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата, според правилото се отслужи Вечерна богослужба на која со преклонети колена се прочитаа Духовденските молитви.