На 13 Април, во Светиот и Велик Четврток, во црквата Свети Илија во Футскрај се отслужи Утрена Богослужба и Службата на Светите и Спасителни Страдања на нашиот Господ Исус Христос. На службата се прочитаа 12 – те страдални Христови Евангелија, беше изнесено Распетието Христово, а присутните верници се поклонија на Христовите страдања и му вознесоа слава на долготрпеливиот Христос кој доброволно пострада заради луѓето.
Слава на Твоето Долготрпение Господи, слава Ти!