Службен дел на Австралиско-новозеландската Епархија (27.01.2017 – 23.02.2017)

1416

БОГОСЛУЖБИ:

Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар благоволи да богослужи вечерна богослужба, Божествена Литургија и да проповеда:

На 27.01.2017 г., Св. Рамноапостолна Нина;  Празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Прохор Пчински“ во Донибрук;

На 28.01.2017 г., Препод. Гаврил Лесновски; Препод. Прохор Пчински; Препод. Павле Тивејски; Препод. Јован Колибар; Празнична Божествена Литургија во манастирот „Свети Прохор Пчински“ во Донибрук;

На 28.01.2017 г., Препод. Гаврил Лесновски; Препод. Прохор Пчински; Препод. Павле Тивејски; Препод. Јован Колибар; Воскресна Вечерна богослужба во црквата „Свети Никола“ во Престон, Мелбурн;

На 29.01.2017 г., Н. 32 по Педесетница; Чесни вериги на Св. ап. Петар; Воскресна Божествена Литургија во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиднам;

На 29.01.2017 г., Чесни вериги на Св. ап. Петар; Вечерна богослужба во црквата „Света Петка“ во Мил Парк, Мелбурн;

На 30.01.2017 г., Препод. Антониј Велики; Божествена Литургија во црквата „Света Петка“ во Мил Парк, Мелбурн;

На 30.01.2017 г., Препод. Антониј Велики; Вечерна богослужба во црквата „Света Злата Мегленска“ во Вереби, Мелбурн;

На 31.01.2017 г., Св. Атанасиј Велики; Св. Кирил Александриски; Божествена Литургија во црквата „Свети Илија“ во Футскрај, Мелбурн;

На 04.02.2017 г, Св. ап. Тимотеј; Препод. Анастасиј Персиски; Вечерна богослужба во црквата „Свети Никола“ во Перт;

На 05.02.2017 г., Н. на Митарот и Фарисејот; Св. свеш. мч. Климент Анкирски; св. Маченик Агатангел;  Воскресна Божествена Литургија во црквата „Свети Никола“ во Перт;

На 11.02.2017 г., Пренос на моштите на Св. Игнатиј Богоносец; Воскресна Вечерна  богослужба во манастирот „Света Петка“ во Кембла Гранџ;

На 12.02.2017 г., Н. на Блудниот син; Св. Три св-ли: Василиј Велики, Григориј Богослов, Јован Златоуст; Воскресна Божествена Литургија во црквата „Свети Климент Охридски“ во Порт Кембла;

На 14.02.2017 г., Прет. на Сретение; Св. мч. Трифун; Препод. Перпетуа; Вечерна богослужба во црквата „Света Богородица – Пречиста“ во Ливерпул, Сиднеј;

На 15.02.2017 г., Сретение Господово; Божествена Литургија во црквата „Света Богородица – Пречиста“ во Ливерпул, Сиднеј;

На 16.02.2017 г., Св. Симеон Богопримец и пророчица Ана; Вечерна богослужба во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиднам, Мелбурн;

На 17.02.2017 г., Препод. Исидор Пелусиот; Препод. Николај Исповедник; Божествена Литургија во манастирот „Свети Прохор Пчински“ во Донибрук;

На 17.02.2017 г., Препод. Исидор Пелусиот; Препод. Николај Исповедник; Вечерна богослужба во манастирот „Свети Прохор Пчински“ во Донибрук;

На 18.02.2017 г., Св. Мч-чки Агатија и Теодула; Задушница; Божествена Литургија во манастирот „Свети Прохор Пчински“ во Донибрук;

На 18.02.2017 г.,  Св. Мч-чки Агатија и Теодула; Воскресна Вечерна богослужба во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиднам, Мелбурн;

На 19.02.2017 г., Н. Месопусна; Св. Вукол Смирненски; Св. Фотиј Цариградски; Воскресна Божествена Литургија во црквата „Свети Димитриј“ во Спрингвајл, Мелбурн;

 РАКОПРОИЗВЕДУВАЊА И ОДЛИКУВАЊА:

Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар благоволи:

 На 30.01.2017 г., да му го додели одликувањето од САС на МПЦ-ОА, на протоерејот-ставрофор Тоне Гулев, Граден Крст, во црквата „Света Петка“ во Мил Парк, Мелбурн;

На 31.01.2017 г., да му го додели одликувањето од САС на МПЦ-ОА, на протоерејот-ставрофор Љупчо Каревски, Граден Крст, во црквата „Свети Илија“ во Футскрај, Мелбурн;

На 17.02.2017 г. да ја ракопроизведе во игуменски чин монахињата Параскева  во манастирот „Свети Прохор Пчински“ во Донибрук;

 СВЕТИ ТАЈНИ И ЧИНОДЕЈСТВИЈА:

Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар благоволи:

На 29.01.2017 г., да ја крсти и миропомаза Клои Монара во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиднам, Мелбурн;

На 29.01.2017 г., да ја крсти и миропомаза Николина Климовска во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиднам, Мелбурн;

На 05.02.2017 г. да отслужи Молебен, за почеток на нова школска година, во црквата „Свети Никола“ во Перт;

На 17.02.2017 г., да отслужи Чин – Призив на Светиот Дух, во манастирот „Свети Прохор Пчински“ во Донибрук;

На 18.02.2017 г., да отслужи Панихида, за сите упокоени православни христијани, во манастирот „Свети Прохор Пчински“ во Донибрук;

ПРИСУСТВА, ПРЕДАВАЊА И ПРОМОЦИИ:

Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар благоволи:

На 29.01.2017 г., да ги промовира: Преводот на Богослужбените книги од црковнословенски на современ литературен Македонски јазик; Книгата – Свештеници маченици на м-р Билјана Петковска, како и да го претстави магистерскиот труд – Доктрината на Свети Климент Охридски во неговите напишани дела;

На 07.02.2017 г., да одржи предавање на тема: Љубовта на Спасителот Исус Христос кон децата, на Летниот камп по веронаука во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиднам, Мелбурн;

На 18.02.2017г., да присуствува на завршниот ден на Летниот камп по веронаука и да додели сведителства на учениците по веронаука во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиднам, Мелбурн;

ПРЕТСЕДАВАЊА, СОСТАНОЦИ, СРЕДБИ И ПОСЕТИ:

Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар благоволи:

На 02.02.2017 г. да претседава со Седницата на Епархискиот Црковен Суд (ЕЦС) на МПЦЕАНЗ; во кабинетот во Каролин Спрингс, Мелбурн;

На 07.02.2017 г. да претседава со Седницата на Епархискиот Управен Одбор (ЕУО) на МПЦЕАНЗ во кабинетот во Каролин Спрингс, Мелбурн;

На 14.02.2017 г., да ја посети Архиепископијата на Антиохиската Православна Црква за Австралија, Нов Зеланд и Филипините, и да оствари средба со надлежниот Архиепископ Павле Салиба во неговата резиденција во Сиднеј;

На 17.02.2017 г. да претседава со Седницата на Епархиското собрание, во просториите на манастирот „Свети Прохор Пчински“ во Донибрук

ОДЛУКИ И РЕШЕНИЈА:

Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар благоволи:

Со Решение ПМ бр. 11 од 01.02.2017 г., да ги одобри и потврди избраните членови на Црковниот одбор при МПЦО „Света Богородица – Пречиста“ во Ливерпул, Сиднеј;

Со Решение ПМ бр.12 од 01.02.2017 г., да ги одобри и потврди избраните членови на Црковниот одбор при МПЦО „Света Богородица“ во Бризбен;

Со Одлука ПМ бр. 14 од 07.02.2017 г., да го разреши протоерејот Душко Спиркоски од должноста Епархиски благајник, и на негово место да го постави протоерејот-ставрофор Тоне Гулев;

Со Одлука ПМ бр.15 од 16.02.2017 г. да го разреши протоерејот Јовица Симоновски од должноста парохиски свештеник и старешина на храмот при МПЦО „Свети Илија“ во Футскрај и на негово место за старешина го постави протоерејот-ставрофор Љупчо Каревски;

Со Одлука ПМ бр.16 од 16.02.2017 г., да го разреши протоерејот Јовица Симоновски од должноста Архиерејски заменик, и на негово место за Архиерејски заменик, да го постави игуменот Никодим (Солунчев);

Со Одлука ПМ бр.17 од 16.02.2017 г., да ја одликува преподобната монахиња Параскева (Стефановска) со игуменски чин и да ја назначи за игуменија на манастирот „Свети Прохор Пчински’ во Донибрук;

Со Одлука ПМ бр.18 од 16.02.2017 г.,  по црковна потреба да го разреши игуменот Никодим (Солунчев) од должноста претставник на манастирите во Епархискиот Управен Одбор (ЕУО) на МПЦЕАНЗ, и на негово место да ја постави игуменија Параскева (Стефановска);

Со Одлука ПМ бр. 19 од 19.02.2017 г., да го разреши протоерејот Миле Талески од должноста привремен парохиски свештеник при МПЦО „Свети Димитриј“ во Спрингвајл;

Со Одлука ПМ бр. 20 од 19.02.2017 г., да го разреши протоерејот Глигор Киселинов од должноста привремен парохиски свештеник при МПЦО „Света Злата Мегленска“ во Вереби, и да го постави за привремен парохиски свештеник при МПЦО „Свети Димитриј Солунски“ во Спрингвајл;

Со Одлука ПМ бр.21 од 19.02.2017 г., да го разреши протоерејот Душко Спиркоски од должноста привремен парохиски свештеник при МПЦО „Свети Никола“ во Престон, и да го постави за привремен парохиски свештеник при МПЦО „Света Злата Мегленска“ во Вереби;

Со Одлука ПМ бр. 22 од 19.02.2017 г., да го разреши протоерејот Трајко Мојсов од должноста претседател на МПЦО „Свети Никола“ во Престон, и да го постави за старешина на храмот при истоимената црковна општина;

Со Одлука ПМ бр. 23 од 19.02.2017 г., да го постави протоерејот Миле Талески за привремен парохиски свештеник при МПЦО „Свети Никола“ во Престон и за претседател на истоимената црковна општина;

Со Одлука ПМ бр. 24 од 19.02.2017 г., да го разреши протоерејот Трајко Мојсов од должноста референт на Македонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ), и на негово место да го постави пензионираниот протоереј Јовица Симоновски;

Со Одлука ПМ бр. 25 од 19.02.2017 г., да го разреши протоерејот Глигор Киселинов од должноста Епархиски Црковен Обвинител (ЕЦО), и на негово место да го постави пензионираниот протоереј Јовица Симоновски;

Со Одлука ПМ бр. 26 од 19.02.2017 г., да го разреши протоерејот Глигор Киселинов од должноста Уредник на Епархискиот весник „Весник на Македонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд – 8 – ден“, и „Православниот календар на МПЦЕАНЗ“, и на негово место да го постави протоерејот Миле Талески;

Со Одлука ПМ бр. 28 од 19.02.2017 г. да ги разреши судиите и нивните заменици на Епархискиот Црковен Суд, а на нивно место да именува нов состав на судии и заменици на ЕЦС на МПЦЕАНЗ;

Со Одлука ПМ бр.30 од 23.02.2017 г., да го постави протоерејот Миле Талески за старешина на МПЦО „Свети Димитриј Солунски“ во Спрингвајл;

Со Одлука ПМ бр.31 од 23.02.2017 г., да ги задолжи сите парохиски свештеници на МПЦЕАНЗ, да бидат редовни и на своите работни места во парохиските цркви, секој работен ден, според определените часови: од 9.00 аm до 1.00 аm;

 ЕПАРХИСКО СОБРАНИЕ:

Со Одлука ЕС бр.1 од 17.02.2017 г., се распушти досегашното Епархиско Собрание и се разрешија членовите и нивните заменици, на телата и органите на МПЦЕАНЗ, Архиепископските тела и органи и делегати од МПЦЕАНЗ за Архиепископскиот Црковно-народен Собор (АЦНС) и Архиепископскиот Управен Одбор (АУО) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА);

Со Решение ЕС бр. 2 од 17.02.2017 г., се потврдија избраните членови на верификационата комисија, тројца записничари и двајца заверувачи на записникот од седницата на Епархиското Собрание;

Со Решение ЕС бр. 3 од 17.02.2017 г., се потврдија избраните нови членови и нивните заменици, на телата и органите на МПЦЕАНЗ, како и делегатите за АЦНС и АУО на МПЦ-ОА;

Со Одлука ЕС бр. 4 од 17.02.2017 г., се задолжија надлежните органи да покренат легална граѓанска постапка за надомест на трошоците кон адвокатите ангажирани преку Епархијата, согласно пресудите на судиите во судскиот спор со тужените: Инкорпорираната асоцијација, Македонска Православна Општина, Црква Света Петка, Рокдајл, Инк., поединците членови на Одборот на Инкорпорираната асоцијација и расчинетите свештеници во оваа легална граѓанска постапка;

Со Одлука ЕС бр. 5 од 17.02.2017 г., се задолжија надлежните органи да покренат легална граѓанска постапка против Инкорпорираната МПО Црква Света Петка, Рокдајл, Инк., за надоместок на задржаната плата и придонеси на протоерејот Митко Митрев во периодот кога тој е парохиски свештеник при МПЦО Света Петка, Рокдајл, по донесената Одлука на Судијата Бреретон да се врати свештеникот на работното место- парохиски свештеник на таа црква;

Со Одлука ЕС бр. 6 од 17.02.2017 г., се задолжија надлежните органи да покренат легална граѓанска постапка за реализирање на Одлуката на САС бр.142 од 05.10.2015 г., во врска со МПО Свети Димитриј Солунски, Волонгонг.

Со Резолуција ЕС бр. 7 од 17.02.2017 г. се задолжија сите Црковни Општини, Цркви,  Парохии и манастири да ги почитуваат и да ги исполнуваат сите канонски Одлуки на САС на МПЦ од 24.08.2012 г, па наваму, а особено едногласно донесените: Одлуки и Став на 29.09.2015 г., а секој што ќе ги прекрши, да биде јавно разобличен;

Со Резолуција ЕС бр. 8 од 17.02.2017 г. им се забранува причест, влез и присуство во црквите и манастирите на МПЦЕАНЗ, на сите поединци што го нарушуваат редот и мирот, и вршат пропаганда за растурање на Епархијата;

Со Одлука ЕС бр. 9 од 17.02.2017 г., едногласно усвоените амандмани за измена и дополнување на Уставот на МПЦ- ОА, да се достават на Архиепископскиот Црковно-народен Собор на разгледување, нивно евентуално усвојување и влегување во содржината на новиот Устав на МПЦ – ОА, во Статутот на МПЦЕАНЗ и Правилниците на Црковните Општини;

 ЕПАРХИСКИ УПРАВЕН ОДБОР:

 Со Одлука ЕУО бр. 11 од 07.02.2017 г.:

– се поставува протоерејот Мирко Пешовски за претседател на Младинската Православна Организација (МОЈА);

– се разрешува протоерејот Душко Спиркоски од должноста потпретседател на МОЈА, и на негово место се поставува протоерејот Миле Талески;

Со Одлука ЕУО бр. 20 од 22.02.2017 г., се поставува протоерејот Миле Талески за секретар на Младинската Православна Организација (МОЈА);

 ЕПАРХИСКИ ЦРКОВЕН СУД:

Епархискиот Црковен Суд (ЕЦС) на МПЦЕАНЗ, на својата Седница, одржана на 28.11.2016 г., со Пресуда бр. 2/2016, на протоерејот Веско Каранфиловски му изрече казна: ЛИШУВАЊЕ ОД СВЕШТЕНИЧКИ ЧИН И ВРАЌАЊЕ ВО РЕДОТ НА ЛАИЦИТЕ.

Со Решение ЕЦС бр. 08 од 02.02.2017 г., се известува Архиепископскиот Црковен Суд (АЦС) во Скопје, дека од расчинетиот Веско Каранфиловски се бара да ги подмири трошоците во врска со водењето на Црковно-канонска судска постапка, и доколку додека не ги подмири обврските кон ЕЦС, нема да му се дозволи, во определениот рок според правната поука, да се жали на највисокиот црковен суд.

Со Одлука ЕЦС бр.09 од 02.02. 2017 г., се задолжува ЕЦС на МПЦЕАНЗ да го утврди вкупниот износ на трошоците од водењето на Црковно-канонската судска постапка за расчинетиот Веско Каранфиловски.

Од  Канцеларијата на МПЦЕАНЗ

Previous articleНедела на простувањето
Next articleГостување на Митрополитот Петар во „Око“ на ТВ Нова (Видео)