Смирението на нашиот Господ

1266

Нашиот Господ ја покори Неговата сила, и ја ограничи, така што Неговата жива смрт може да му даде живот на Адам. Неговите раце ги даде на прободување од клинците, наместо раката која го скина забранетиот плод;Тој беше удрен по образот во судскиот хол, наместо устата која касна во Едемската градина.

И заради тоа што неговата нога го одведе Адама таму, Неговите нозе беа прободени. Нашиот Господ, беше соблечен, за нас да нè направи скромни: со жолчката и оцетот Тој ја направи слатка горчината на змијата, која таа ја истури врз човештвото. Блажен е Оној Кој ми даде победа и ги приближи мртвите до Неговата Слава!

Св. Ефрем Сирин

Превод: Дамјан Божиновски

 

Previous articleЗа црковните празници - Свети Теофан Затворник
Next articleПлодот на молитвата