На 3 јуни, 2017 година, во саботата пред Педесетница, кога Православната Црква прави спомен на сите починати христијани, кога го празнува и споменот на светите равнопостолни цареви Константин и Елена, во црквата Свети Илија во Футскрај се отслужи Утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
На крајот беше отслужена и Панихида за сите упокоени христијани.