Оставете ги децата да приоѓаат кај Мене (Мк. 10,14).
На 25 Март, во Саботата од Четвртата седмица на Велигденскиот пост, кога ги празнуваме Свети Григориј Двоеслов и Свети Симеон Нов Богослов, во црквата Свети Никола во Перт, се отслужи Света Литургија на која се причестија најмладите.
Му благодариме на Бога за милостите и добрините излеани врз нас. Ова е прва литургија во оваа парохија, на која во група учестуваат најмладите и задоволни сме од одзивот. Наша желба е овој настан да стане традиционален. Секоја година во Велигденскиот пост, најмладите во што поголем број да учествуваат во евхаристијата и да пристапуваат кон Светите Тајни Христови, па како живи членови на Црквата да ја запазат и негуваат Православна Вера.