Свети Патрик Ирски и други Западни православни светители вброени во календарот на РПЦ

1858

Свети Патрик, големиот просветител Ирски, ќе биде официјално прославен во Руската Православна Црква за првпат оваа година, на 17/30 Март. И на неговата седница на 9 Март, Светиот Синод на РПЦ, предводено од Неговата Светост Патријархот Кирил, официјално го призна Св. Патрик и уште петнаесет други Западни светители од пред шизмата, и ги вброи во нивниот календар, како што објавува официјалниот сајт на патријаршијата.

Одлуката беше донесена, после извештајот на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Калужски и Боровски Климент, претседател на комисијата за канонизација на РПЦ, со предлог во календарот да се вклучат неколку древни светители кои послужиле во западните земји, пред Големата Шизма во 1054 г.

Комисијата, основана на 18 септември, 2014 г., по благослов на Неговата Светост, работеше на составување на список на западни светители, водена според следните критериуми: нивното неискривено исповедање на Православната Вера; околностите во кои се случило нивното прославување; отсуство на нивните имиња во полемичките дела против Православната Црква и обред; и нивното сегашно почитување во задграничните парохии на Руската Православна Црква и другите Помесни Цркви.

Исто така, во предвид беше земен „Целосниот Минеј на Истокот“ од Архиепископот Сергиј (Спаски), извештајот на Св. Јован Максимович до САС на РПЦЗ во 1952, статиите на Православната Енциклопедија и Синаксарионот собрани од Јеромонах Макариј од светогорскиот манастир Симонопетра.

Западните светители, вброени во календарот на РПЦ се:

Свештеномаченик Потин, епископ Лионски, и другите со него (Јуни 2/15; 177 г.)

Мачениците Бландина и Понтик Лионски (Јуни 2/15; + 177)

Мачениците Епиподиј Лионски (Април 22/Мај 5; + 177)

Свештеномаченик Сатурниј, првиот епископ Тулски (Ноември 29/ Декември 12; + 257)

Маченик Виктор од Марсел (Јули 21 /  Август 5; + 290)

Свети Албан, првомаченик Британски (Јуни 22 / Јули 5; + 304)

Свети Гонорат, архиепископ на Арлес и основач на Леринскиот манастир (Јануари 16 / 29; + 429)

Св. Герман, епископ на Осер (Auxerre) (Јули 31 / Август 13; + 448).

Свети Винсент од Леринс (Мај 24 / Јуни 6; + 450)

Свети Патрик, епископ на Армаг, и просветител Ирски (Март 17/30; 451).

Свети Лупус Исповедник, епископ Тројски (Troyes – Gaul) (Јули 29 / Август 11; + 479).

Света Геновева Парижска (Јануари 3 / 16; + 512)

Свети Герман, епископ на Париз (Мај 28 /  Јуни 10; 576)

Свети Прокопиј, игумен на Сазава, Чешка (Септември 16 / 29; 1053)

Исто така, одобрени и препорачани за широка црковна литургиска употреба беа текстовите од службата на Соборот на старци од Дивеево, службата на Св. Иларион Оптински, и тропарот и кондакот на Св. Адријан Ондрусовскиј.

Извор: http://www.pravoslavie.ru/english/101734.htm

 

Previous articleПредавање во Пензионерската група во Kings Park, Мелбурн
Next articleВтор Акатист на Пресвета Богородица во црквата Свети Илија во Футскрај