Тивко откровение - отец Стефан Фриман

1585
Врева.
 
Звукот на светот околу нас вообичаено се именува како врева. Речиси ништо не се претставува себеси како неважно или како нешто што може да почека за подоцна. Упорните крици на сè околу нас честопати ги подигнуваат барањата за наше внимание до заглушувачко ниво. „Направи го ова! Прочитај го ова! Купи го ова! Запамети го ова! Верувај во ова!“ Светот постојано се претставува пред нас како да се тетерави на работ од апокалиптична катастрофа – со забелешка дека нашето внимание насочено кон очекуваната катастрофа ќе направи разлика.
 
Тоа е врева.
 
Светот навистина се тетерави на работ на една апокалипса, но не на таа од којашто стравува. Неговата историја има правец, но не по негов избор. Апокалипсата што надоаѓа е тишината.
 
Зборот „апокалипса“ (од грчки) значи „откровение“, носејќи го на виделина она што порано било скриено. Христијанската вера, од почетокот до крајот, е апокалиптична по природа. Таа секогаш ги изнесува напред скриените нешта. Многу често, најважното нешто во светот е речиси невидливо: раѓањето на дете во едно село во Палестина, осаменото погубување на проповедникот што патува, празен гроб што го збунува градот. Исус не е она што сите го очекуваа. Целиот Негов живот е разбирлив отпосле, во светлината на откровението.
Во утрото на воскресението, некои жени сметале дека најважната работа во светот е да набават мириси и миро за што погрижливо да го помазат мртвото тело на нивниот најсакан пријател. Тоа им се чинело толку важно што тие излегле „многу рано наутро“. Бил првиот ден од седмицата, ден за работа. Ден за отворање на дуќаните и за подредување на производите. Некои трговци на мириси во Ерусалим се израдувале на раната посета на овие нажалени жени, кои практично им го исчистиле дуќанот од производите. Болката создава добри муштерии!
Сите се буделе за денот, со петлите што безначајно кукурикале.
Во гробот било тишина.
Гробот бил тивок бидејќи немало никој во него, освен заталкан ангел или два. И во тишината биле изговорени зборови што направиле вревата на созданието да премине во ништо: „Он не е овде. Воскресна.“
После ова, жените не можеа да слушнат никаква врева. Острите зборови на странецот што минува оттаму остануваат незабележани. Трговците кои повикуваат и ги фалат своите производи од тезгите низ пазарот се неми. За жените, светот стана тивок. Откровението на вистината ја има ексклузивната грижа на нивното внимание. Само една работа е потребна.
 
Ништо во светот не се сменило оттогаш. Настојчивата врева на трговците повикува и неизбежните катастрофи предвидени од царевите и криминалците предупредуваат дека апокалипсата е толку близу. Но, целата оваа врева се случува во тишината на вистинската апокалипса. Тоа е само врева. Тивкото Спокојство на вечноста веќе влезе во светот. Неговите први зборови продолжуваат да говорат: „Мир вам.“
 
Само една работа е потребна.
 
Тоа е Тишината.
отец Стефан Фриман
 
Преземено од: https://www.facebook.com/manastirzrze/

Previous articleСветол Понеделник - Втор ден Велигден во црквата Свети Илија во Футскрај, Мелбурн
Next articleВелигденските празнувања во црквата Свети Димитриј во Спрингвајл, Мелбурн