На 30 Јануари, 2017 година, кога го празнуваме споменот на Светите Атанасиј Велики и Кирил Александриски, во црквата „Света Злата Мегленска“ во Вереби беше одслужена Вечерна богослужба. На богослужбата чиноначалствуваше Неговото видокопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и Адмнистратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.
После богослужбата во црковната сала беше послужена Трпеза на љубовта.
Откако засветливте со делата на Православието и сета злоба ја изгаснавте, носители на победа станавте, со вера ги збогативте сите и Црквата обилно ја украсивте, достојно Го најдовте Христа Бога, Кој ни дарува милост голема. (Тропар на Светителите, глас 3.)