На 27 Јануари, 2017 година, кога го празнуваме споменот на преподобните отци наши Гаврил Лесновски, Прохор Пчински, Павле Тивејски и Јован Колибар, во манастирот на Свети Прохор Пчински во Донибрук се богослужеше вечерна на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство г. Петар.
Утредента на 28 Јануари, митрополитот г. Петар отслужи Архиерејска Литургија.
На литургијата верните се причестија со Светите Христови Тајни.
После литургијата беше послужена трпеза на љубовта.
Откако Го возљуби Христа ревносно повеќе од сѐ, и се украси со убавина, смирение и трпение, целиот свој живот на земјата му го предложи Нему. Затоа ги наследи небесните живеалишта и се удостои за делот на праведните. Со нив, пак, моли се, да се спасат душите наши. (Тропар на Свети Гаврил Лесновски, глас 8.)