Празникот на Светлото Христово Воскресение одбележан во женскиот манастир Свети Прохор Пчински, Донибрук, Мелбурн. На Литургијата чиноначалствуваше неговото Високопреподобие, игуменот Никодим Солунчев. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Ден е на Воскресението, да се просветиме со торжеството, и еден со друг да се прегрнеме. Да речеме браќа и на оние што не мразат да им простиме со Воскресението. И така, да запееме:
Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари.
(Слава на Пасхалните стихири, глас 5)