За Богојавленската вода

1861

Дали се разликува водата осветена вечерта, на 18 јануари, од богојавленската вода – на 19 јануари? Кога сепак треба да се зема водата?

Благодатта на осветувањето на водата е една и иста, како во Навечерието на Богојавление (5/18 јануари), така и на самиот ден на празникот Богојавление (6/19 јануари): еден ист празник и исти молебен чин. Основата за големото осветување на водата во Навечерието (5/18 јануари) се состои во тоа, што во тој ден се служи Велика празнична вечерна, која се соединува со Литургијата на свети Василиј Велики. Следствено, празникот веќе започнал.

На самиот ден на Крштението Господово се служи Големо повечерие, торжествена Утрена и Литургија на свети Јован Златоуст.

Во наше време, двократното извршување на чинот на Големиот водосвет станало уставна традиција. Во древната Црква, за тоа имало многу важна причина: во очи на празникот, се извршувало крштевањето на огласените. Поради тоа таинство и се извршувал првиот голем водосвет, во спомен на Крштението, кое го примил Господ во водите на Јордан од рацете на Св. Пророк Јован Претеча. Разликата меѓу првото и второто осветување била во тоа, што на Навечерието на Богојавление, водосветот се служел во храмовите, каде што се крштевале огласените, а на денот на празникот Богојавление, оделе на реката Јордан.

Во првите векови (вклучувајќи ги дури и IV и V век Голем водосвет се служел само во Ерусалимската Црква, каде што имало обичај да се оди на реката Јордан на она место, каде што примил Крштение нашиот Спасител. Подоцна, почнала да организираат „Јордан“ и на други места, каде што имало реки или езера.

Кон Богојавленската вода христијаните имаат големо благоговение. Свети Јован Златоуст велел: „Христос се крсти и ја освети природата на водите; и затоа, на празникот Богојавление, сите, црпејќи од водата на полноќ, ја носат дома и ја чуваат цела година. И така, водата која обично се расипува со текот на времето, нацрпена тогаш, цела година, а често и две и три останува свежа и неповредена, и после толку време не отстапува пред водите, тукушто нацрпени од извор„ (Беседа XXXVII на Богојавление)

Игумен Јов Гумеров

http://www.pravoslavie.ru/7025.html

 

Previous articleГи почитувате ли сообраќајните правила? - ѓакон Владимир Василик
Next articleБогојавление во „Света Петка“ - Мил Парк, Мелбурн